Во Британија е уапсено трио кое со години им помагаше на најбараните криминалци

Од:

Тројца мажи кои водеа глобална служба за лажни пасоши за најбараните бегалци во светот се уапсени во Британија откако истражителите ја разбија нивната 20-годишна „операција“.

Документите што им ги продале биле автентични, но со измама украдени од луѓе кои личеле на најбараните убијци, шверцери на оружје и дилери на дрога.

Нивната банда едноставно ќе ја отстранела вистинската фотографија на сопственикот на пасошот и ја заменувала со слика на бегалецот од правдата.

Еден од уапсените, 61-годишниот Ентони Берд, се верува дека доставил стотици пасоши што ги украе од ранлива популација чии документи требало да истечат, уверувајќи ги дека ќе им ги обнови. Берд е осуден на шест години и осум месеци затвор.

Истражителите на британската Национална агенција за криминал тајно го снимија Берд како се среќава со сопствениците на пасоши и ги убедува да соработуваат во измамата. Го снимија и како се јавува во Управата за пасоши.

Кристофер Зитек (67) бил посредник кој би ги зема пасошите од Берд и ги доставува до озлогласеното семејство Адамс, криминална група во северен Лондон, која потоа ги продава на бегалците. Тој е осуден на осум години затвор.

Меѓу клиентите кои плаќале до 15.000 фунти за пасош е и Џејми Акур, кој е осомничен и за убиство. Берд е виден како се среќава со соработник на Акур, кој бил следен од истражителите.

Алан Томпсон (72) пак го возел Берд на состаноци со криминалци и транспортирал пасоши, а е осуден на три години затвор.

Би можело да ве интересира

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв

(ВИДЕО) Маскирани лица влегоа со мртовечка кола на теренот на фудбалски натпревар во Англија

А1он

Мајка го отру синот со антидепресиви: Детето е усмртено со доза девет пати поголема од фаталната

Мнозинството Британци сакаат да се вратат во Европската унија

Дечкото ја силувал осум часа, а потоа ја полил со киселина: Британка преживеа 400 операции