Германски министер сака на криминалци да им конфискува скапи автомобили, накит и часовници

Од:

Германскиот министер за правда Марко Бухман има намера да прибегне кон „неконвенционални методи“ во борбата против криминалните кланови од Блискиот Исток, како што е конфискација на вреден имот од осудените членови на кланот, објавија во неделата германските медиуми.

„Можеме да реагираме на посебни форми на криминал со неконвенционални мерки, со одземање на статусни симболи како скапи автомобили, накит и часовници од осудените членови на кланот“, рече Бухман во интервју за дневниот весник Bild am Sonntag.

Во пресрет на утрешното претставување на планот на сојузните покраини во борбата против криминалните кланови, вети посилна поддршка од федералните власти.

„Се покажа дека клановите се повлекуваат ако го зголемиме притисокот“, рече Бухман.

По доаѓањето на власт, коалицијата на социјалдемократите, зелените и либералите на федерално ниво најавија поостра борба против на кланскиот криминал кој, според експертите, со децении бил игнориран.

Би можело да ве интересира

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски