Во Ерменија закажаа предвремени избори на 20 јуни

Од:

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан закажа предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 20 јуни, во обид да се справи со политичката криза предизвикана од минатогодишната војна со Азербејџан.

„Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 20 јуни годинава“, напиша Пашинјан на Фејсбук, додавајќи дека одлуката е донесена по разговорите со опозицијата и претседателот.

Според него, „предвремените парламентарни избори се најдобриот начин за излез од моменталната политичка ситуација“.

Политичката криза започна во Ереван откако заменик-началникот на ерменскиот Генералштаб се потсмеваше на контроверзниот коментар на Пашинјан за наводниот неуспех на ракетите „Искандер“ испорачани од Русија за време на конфликтот во Нагорно Карабах. Ова доведе до низа воени отпуштања.

Вооружените сили издадоа соопштение во кое бараа оставка од Пашинјан, но тој тоа го оцени како обид за воен удар и ги повика неговите приврзаници да излезат на улиците.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска