Во Еквадор прогласена вонредна состојба: По атентатот мобилизирани вооружените сили!

Од:

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо денеска прогласи вонредна состојба во земјата по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио.
Вонредната состојба ќе трае 60 дена, а вооружените сили ќе бидат мобилизирани низ целата земја, објави весникот „Ел Универзо“.

Ласо потпиша и декрет за прогласување на тридневна национална жалост. Изборите закажани за 20 август нема да бидат откажани. Еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен претходно денеска на предизборен митинг во Кито.

– Напаѓачот бил неутрализиран по размена на оган со полицијата која го обезбедувала собирот, а уште шестмина осомничени се приведени по полициска рација, соопшти државното обвинителство.

Вилависенсио беше еден од најжестоките критичари на поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа и беше осуден на 18 месеци затвор за клевета.

Подоцна доби политички азил во Перу. Тој исто така беше независен новинар кој ја истражуваше корупцијата во претходните влади на Еквадор, по што влезе во политиката како борец против корупцијата.

Во својот последен говор, пред да биде убиен, Вилависенсио им вети на толпата дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ги затвори „крадците“ во земјата. Според анкетите на јавното мислење, Вилависенсио имал поддршка од 7,5 отсто од гласачите и бил петти најпопуларен меѓу претседателските кандидати.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он

Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Катерина Ѓуровски