Во Египет почна првата фаза од референдумот за новиот предлог Устав

Од:

Во Египет почна првата фаза од референдумот за новиот предлог Устав, што длабоко ја подели земјата.

Граѓаните на денешниот референдум ќе се изјаснат дали сакаат усвојување на новиот Устав, што го поддржуваат исламистите и египетскиот претседател Мухамед Морси, или се за негово отфрлање, за што се залага опозицијата која стравува дека таквиот устав би можел да претставува почеток на спроведување на шеријатското право.

Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време и ќе бидат затворени во 19 часот.

Денеска референдумот ќе се одржи во десет региони, меѓу кои Каиро, Александрија и градовите на Синајскиот полуостров и во јужниот дел на земјата. Жителите на останатите 17 региони ќе гласаат следната сабота.

Гласањето е поделено на два круга, бидејќи не се најдоа доволно судии што ќе го контролираат текот на гласањето.

Приврзаници и противници на предлог уставот вчера протестираа ширум Египет пред утрешниот референдум.

Во Алаксандрија исламистите, поддржувачи на предлог уставот и опозиционерите се судрија. Во судирите што почнаа пред џамијата па се до главниот улица, повредени се најмалку 19 луѓе. Екстремистите извадиле мечеви, додека опозицијата фрлала камења по нив.

Во Каиро околу 2.000 приврзаници на претседателот Мухамед Морси се собраа пред џамија, во источниот дел од градот, како одговор на исламистичките партии да го поддржат предлог-уставот.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски