Во Џакарта за самитот на Организацијата за Исламска Соработка се подготвува Декларација за Палестина

Од:

Во главниот град на Индонезија Џакарта на 6 и 7 март ќе се одржи самитот на Организацијата за Исламска Соработка (ОИЦ) на кој ќе учествуваат 49 шефови на држави и влади на организацијата во која членуваат 56 држави. Тоа ќе биде вонреден собир на ОИЦ на највисоко ниво, а централна тема ќе биде палестинското прашање.

Министерката за надворешни работи на Индонезија Ретно Марсуди изјави дека на самитот ќе се расправа на неколку теми од соработката, а главната ќе биде усвојувањето на Декларација за решавање на палестинското прашање. Ретно нагласува дека Индонезија и во рамките на ОН е координатор на напорите за мир во Палестина, а идејата за тоа да се расправа во Џакарта ја предложил палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Ал Малики.

Декларацијата од Џакарта треба да го врати вниманието на меѓународната заедница кон проблемот на Палестина, за чие решавање преговорите беа прекинати лани. Министерката Ретно очекува да се постигне и договор за соработка меѓу спротивставените Фатах и Хамас фракции.

Шефот на дипломатијата на Индонезија денеска на новинарите им соопшти дека наместо подобрување на условите за живот на Палестнците, тие се влошени. Особено е алармантна состојбата во Источен Ерусалим каде што, според Ретно, 75 отсто од Палестинците живеат под границата на сиромаштија, само 64 отсто имаат пристап до чиста вода, а со образование се зафатени 41 отсто од децата чија возраст бара школување.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници