Во Џакарта уапсен макро кој „оперирал’’ со 200 проститутки, поголемиот дел познати личности

Од:

Во Индонезија започна обемна полициска истрага за утврдување на имињата на учесничките во голем, меѓународен синџир на проституција што го организирал 32 годишен сопственик на салон за убавина, чие име полицијата не го открива.

Макрото, кој за сега се крие под иницијалите Р.А. организирал проституција на високо ниво за која клиентите, за една ноќ, плаќале 200 милиони рупии, што е сума од 6.124 долари.

Проститутките од високата класа Р.А. ги изнајмувал и за клиенти од Малезија и Тајланд, а имал и своја „филијала’’ во Бостон, САД. Богатите клиенти од странство ги плаќале авионските и хотелските трошоци на изнајмените девојки, а од секоја вака организирана средба Р.А. заработувал по 2.500 долари.

Макрото Р.А. имал простории во јужниот дел на Џакарта, познат по тоа што тамо живеат најбогатите бизнисмени од Индонезија, а и политичарите се натпреваруваат да си обезбедат простор за живеење во тој дел.

По неколкумесечно следење, како што соопштува полицијата, Р.А бил притворен минатиот петок, кога бил фатен на дело, кога во елитен хотел организирал средба на познат фотомодел со богат клиент. Р.А се согласил целосно да соработува со полицијата, па сега е на слобода, а без присуство на јавноста полицијата секојдневно приведува по десетина девојки од неговиот список.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници