Во Доха потпишан мировен договор со бунтовничките групи

Од:

Во Доха денеска беше потпишан мировен договор помеѓу преодните власти на Чад и бунтовничките групи, пред широкиот дијалог за национално помирување што ќе се одржи на 20 август.

На церемонијата на потпишување на договорот, во кој страните се согласија да учествуваат во национален инклузивен дијалог, присуствуваа претставници на повеќе од 30 бунтовнички групи.

Церемонијата е организирана по неколкумесечни преговори во главниот град на Катар.

Махамат Зене Шериф, министер за надворешни работи на привремената воена влада, изјави дека верува оти договорот ќе доведе до одржлив мир во Чад и дека 1.500 делегати ќе присуствуваат на националниот дијалог закажан за 20 август.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Уште еден силен земјотрес, бројот на загинати надмина илјада

ВИДЕО: Снимен моментот на земјотресот во породилиште во Мјанмар

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ