Во делови од Индонезија поради пожарите и смогот ќе се прогласи хуманитарна криза

Од:

Политичкиот врв на Индонезија и на провинциите од островите Суматра и Калимантан синоќа донесоа обврзувачка препорака според која ниту една градинка, ниту училиште во загрозените подрачја од пожари и смог нема да работат. Пожарите во Индонезија, изброени над 16.000 од средината на август наваму, предизвикаа појава на густи облаци чад во радиус од над 2.500 километри, а воздухот веќе не е здрав за дишење и во Сингапур, Малезија, на југот на Филипините и во западен Тајланд.

Министерот-координатор за безбедност на Индонезија Лухур Панѓаитан по состанокот изјави дека има многу причини за песимизам и дека на загрозените подрачја, во кои живеат 36 милиони жители им се заканува хуманитарна катастрофа. Тој додаде дека здравјето во моментов е поважно од едукацијата и затоа огромен број бебиња и млади деца ќе бидат евакуирани од загрозените подрачја.

Покрај природната средина, погодна за избувнување на пожари, загриженоста на Индонезија ја зголемуваат и предвидувањата на метеоролозите, според кои наместо во почетокот на октомври монсунски дождови во подрачјето треба да се очекуваат дури во јануари идната година. Причина за тоа се ефектите на меторолошкиот феномен Ел Нињо, кој годинава во делови на југоситочна Азија предизвикува долготрајна суша, а во некои делови од двете страни на Пацификот невреме проследено со силни ветрови, дождови и поплави.

Пожарите во Индонезија најчесто се предизвикани од неконтролирано и недоволно обезбедено палење на шумите, со цел да се обезбедат чисти површини за нови насади на палми од кои се добиваат целулоза и палмино масло, што станува бизнис со големи профити. Иако задоцнето, властите реагираа со тотална забрана за овој начин на обезбедување на чисто земјиште, а повеќе од сто сопственици и директори на компании се обвинети со закана за големи парични и финансиски казни.

Во гаснењето од пред десет дена учествуваат и авиони со големи танкови за вода од соседните држави и од Австралија и Русија. Покрај 26 вакви авиони кои веќе гаснат, денеска во Индонезија ќе пристигнат уште 15 такви летала, а на пожарникарите на земја ќе им помагаат и повеќе илјади војници.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници