Во бугарски минибус во Италија откриена марихуана вредна над 1,5 милиони евра

Од:

Италијанската полиција во еден минибус со бугарски регистарски таблички откри 400 килограми марихуана. чија пазарна вредност се проценува на околу 1,5 милиони евра.

Како што јави БТА, полицијата ја открила дрогата во минибус марка „Форд Транзит“ на патот меќу италијанските градови Сан Северо и Поџо.

Полицијата извршила претрес на минибусот, откако при запирањето на возилото од страна на полициска патрола поради рутинска контрола, од него скокнал еден маж кој побегнал кон блиската ливада.

Бекството на еден од патниците им се сторило сомнително на полициајците, па тие решиле да го претреста минибусот, во кој била пронајдена дрогата од која, според полициски експерти, можеле да се направат околу 280.000 дози.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага