Спасувачки екипи трагаат по девет лица, меѓу кои е и деветгодишно момче од Италија, откако нивниот брод се превртел и потонал поради јака струја, во тек на невреме во регионот на Амазон на север на Перу, пренесе „Франс прес“.
Според наводите на француската агенција десет лица се спасени, додека за едно лице е утврдено дека починало.
Инаку пред десетина дена имаше ваков бродолом во кој загинаа и исчезнаа, неколку лица меѓу кои и шпански државјани.
Е. Г.