Во болниците во Вухан нема повеќе заболени од новиот коронавирус

Од:

Портпаролот на кинеската Националната здравствена комисија Ми Фенг денеска изјави дека во болниците во Вухан нема повеќе заболени од Ковид-19.

„Последната вест е дека на 26 април бројот на новозаболени од коронавирусот во Вухан е нула, благодарение на заедничките напори на градот и медицинскиот персонал од сите краеви на земјата“, посочи Ми.

Во Вухан беа регистрирани 46.452 случаи на Ковид-19, што е 56 проценти од бројот на заразени во Кина. Во градот починаа 3.869 луѓе, што е 84 отсто од вкупниот број на смртни случаи во Кина.

Досега во Кина се евидентирани 82.827 заразени луѓе со Ковид-19, од кои 4.632 починале, а 77.394 оздравеле.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина