Во близина на Велика Британија забележани руски бомбардери, НАТО одма реагираше

Од:

Два руски стратешки бомбардери, познати и како „Мечки“, денеска летаа северно од Британија во Норвешкото Море.

Видеото на руското Министерство за одбрана покажува авион Ту-95МС за време на вежби.

Воздухопловните сили на НАТО веднап испратија свои воени авиони за да ги надгледуваат летовите поради неодамнешните тензии со Русија.

„Летот траеше повеќе од пет часа“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Стратешките ракетни носачи на Путин, способни за нуклеарно оружје, беа користени во војната во Украина, каде што направија хаос со конвенционалната муниција.

И покрај тоа што првпат летаа пред околу 70 години, тие остануваат клучен дел од нуклеарната ударна сила на Кремљ.

„Летот беше извршен во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор“, изјави генерал-полковник Сергеј Кобилаш, командант на руската авијација.

Тој истакна дека авијациските пилоти со долг дострел на руските воздушни сили редовно летаат над неутралните води на Арктикот, Тихиот Океан, Северниот Атлантик, како и Црното и Балтичкото Море.

Претходно беше објавено дека руските носачи на ракети Ту-95 летале во близина на западниот брег на Алјаска.

Би можело да ве интересира

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Велика Британија купи нови авиони, ама сега нема пилоти за нив

Бугарските пратеници одобрија купување осум воени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари

А1он

Руски ловци избркале американски авион над Црното Море, тврди Москва

Жарко Настоски

Блиска средба на северот: Руски МиГ-31 бркал американски патролен авион

Жарко Настоски

Франција ја поздрави одлуката на Хрватска да купи француски половни воени авиони

Жарко Настоски