Во битката за Дебалцево загинале приближно 180 украински војници

Од:

Приближно 180 украински војници биле убиени во изминатиот месец во битката за Дебалцево, а над 80 и натаму се водат за исчезнати, соопшти денеска советник на претседателот Петро Порошенко.

Како што пренесуваат француските медиуми, од 18 јануари до 18 февруари во борбите за невралгичниот железнички јазол во источниот дел на земјата загинале точно 179 украински војници и офицери, напиша на својата страница на Фејсбук Јуриј Бирјуков.

Проруските сепаратисти заробиле уште 110 војници , а судбината на 81 се уште останува непозната.

Ова битката за Дебалцево ја прави најсмртоносна за киевските сили од избувнувањето на конфликтот во источна Украина во април минатата година.

Украинските сили во средата се повлекоа од градот.

Во конфликтот, што веќе трае 10 месеци, во борбите вкупно се убиени приближно 5.700 лица.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17