Во Белгија се влошува ситуацијата, можен е огромен трет бран на пандемијата

Од:

Сите параметри на епидемиолошката ситуација во Белгија се зголемуваат, а земјата ја надминува границата од 625.000 потврдени случаи на коронавирусот, предупредија претставници на Институтот за јавно здравје на земјата.

Во исто време белгискиот премиерот Александар де Кро укажа на можноста за нов бран на пандемијата на Ковид-19, доколку граѓаните не се придржуваат до пропишаните мерки во текот на претстојните празници.

– Ако секое петто семејство покани премногу луѓе за Божиќ, Белгија во јануари ќе се соочи со огромен трет бран, истакна Де Кро.

Институтот за јавно здравје информира дека по забележаното зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот во Белгија, имало и постепено зголемување на бројот на хоспитализации, но и на смртни случаи.

Во втората недела од декември дневно се бележат просечно над 2.500 новозаразени, што е зголемување за 13 проценти во споредба со претходната недела. Во болниците низ Белгија во моментов има вкупно 2.543 пациенти со коронавирус, што е за 16 повеќе од вчера.

Од нив 544 се на интензивна нега, што е за петмина повеќе од вчера.

Од 11 до 17 декември, во просек имало 92,7 смртни случаи дневно, што е зголемување за 0,2 проценти во споредба со претходната недела.

Вкупниот број на смртни случаи во Белгија од почетокот на пандемијата достигна 18.626.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски