Во Белгија повторно расте бројот на заболени од Ковид-19

Од:

Кризниот штаб за коронавирусот предупреди дека повторно растат инфекциите во земјата по долг стабилен период и го повика населението на лична одговорност.

Според епидемиолозите од кризниот штаб подемот во бројот на заразени се должи пред сѐ на големите семејства и настани на кои се собира голем број на луѓе. Се забележува дека подемот е локализиран на неколку региони во земјата.

Добрата вест е што бројот на хоспитализирани не расте драстично и дека болниците не се преоптоварени за разлика од првиот бран во април, но дека е потребно на време да се реагира за да не се повтори истата ситуација.

Населението се повикува да ги почитува сите мерки пропишани од владата, маската е задолжителна секаде, личната хигиена, миењето раце и ограничувањето на социјалните контакти на петнаесет лица неделно остануваат строго препорачани.

Во бројки, минатата недела Белгија бележи во просек 154 нови заразени дневно, односно зголемување од 66 отсто во споредба со претходната недела.

Вкупниот број заразени во земјата достигна 63.893, со најголем број случаи во северот на земјата, а најмал во околината на главниот град, Брисел. Реалната бројка е сигурно поголема, со оглед на бројот на асимптоматски и нетестирани лица.

По возраст, група со најголем број заразени се помеѓу 20 и 29 години.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски