Во Бари запленети над 1,6 тони албанска марихуана

Од:

Полицијата во италијанското пристаниште Бари минатата ноќ заплене 1.650 килограми марихуана по потекло од Албанија, при што уапсени и двајца албански државјани.

Дрогата била скриена во камион натоврен со дрвени греди кои се користат во градежништвото, а ја откриле цринските работници во соработка со припадниците на италијанската Финансиска полиција.

Крајната дестинација на дрогата бил северниот дел на Ломбардија, а од нејзината продажба нарко шверцерите би заработиле околу 16 милиони евра.

Во меѓувреме во Драч, најголемото албанско пристаниште од каде испловил траектот со камионот, се приведени двајца работници на компанијата за скенирање „Рапискан“, врз кои паѓа одговорноста што дозволиле да помине камионот во кој била скриена дрогата.

Според албанската полиција, спомената компанија е задолжена за скенирање на сета стока која минува преку ова пристанниште.

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

ВИДЕО: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб

Катерина Ѓуровски

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија