Во Банкок денеска почна конференција на ОН за климатските промени по повикот од развиените држави за поголем напредок и зголемена одговорност во заштитата на климата.
Повеќе од две илјади делегати од 196 држави ќе учествуваат на шестдневните расправи за имплементација на насоките од Парискиот договор за климата.
Договорот е потпишан во 2006 година и е обврска за 195 држави за ограничување на растот на глобалната температура за најмногу два степена Целзиусови односни 1,5 степени во овој век. Состанокот е последен дел од преговорите пред одржување на Конференцијата за климатски промени што ќе се одржи во декември оваа година во Катовице.
– Не остваривме доволно напредок. Ова не е само уште една дополнителна расправа, ова е итен состанок, нагласи на отворањето претседавачот со конференцијата Франк Баинимарама. Агенции на ОН и невладини организации ги повикаа развиените држави да имаат поголем ангажман во решавање на климатските проблеми.