Во Бангладеш уапсен човек кој убил 70 бенгалски тигри и 20 години бегал од полицијата

Од:

Хабиб Талукдер, попознат како „Тигар Хабиб“, кој е осомничен за убиство на 70 загрозени тигри е уапсен во Бангладеш по 20-годишна потрага. Тој конечно бил фатен од полицијата по дојава, откако по него претходно биле распишани три потерници, пренесе Би-Би-Си.

Живеел и работел во шумата Сундарбанс, на границата меѓу Индија и Бангладеш, каде што живее најголемата популација на бенгалски тигри во светот. Во дивината се останати само неколку илјади, бидејќи нивното крзно, коски, па дури и месо, се купуваат на црните пазари ширум светот.

-Долго време беше во бегство, изјави шефот на полицијата, Саидур Рахман, за весникот „Дака трибјун“. Западните агенции известуваат дека локалното население подеднакво го почитува и стравува од него.

-Тој е опасен човек, кој може да се бори сам со тигрите во шумата, изјави еден локален жител.

Офицерот Абдул Манан за „Дака трибјун“ изјави дека и полициските и шумските служби со години се обидувале да го уапсат Хабиб Талукдер.

-Тој тајно влегол во Сундарбанс и ловел диви животни и покрај тоа што одамна му било забрането да влегува во шумата, изјави офицерот за весникот.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска