Во Бангладеш потона траект со 100 патници

Од:

Траект со околу 100 патници удрил во товарен брод и потонал во реката Падма, во централен Бангладеш, и засега не се знае точниот број на преживеани, соопштија денеска локалните власти.

-Еден од преживеаните ни кажа дека на траектот имало меѓу 70-150 патници, рече шефот на локалната полиција Ракибуз Заман.

„Околу 50-тина лица допливале до брегот на реката или биле спасени од други чамци и бродчиња“, додаде тој.

Претставникот на пожарникарите Шахзади Бегум изјави дека траектот, наводно, на преминот Даулатдиа-Патуриа на реката Падма  удрил во товарен брод во текот на попладнето, по локално време.

Бегум додаде дека спасувањето е во тек и дека спасувачките екипи се распоредени на мноу премини за траекти и помагаат во спасувањето на луѓето по несреќата, што се случи на 40 километри северозападно од Дака, додаваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска