Во Багдад средба на лидерите на Египет, Јордан и Ирак

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска пристигна во Багдад, што е прва официјална посета на Ирак по повеќе од 30 години. Тој присуствуваше на трилатерална средба со лидерите на Јордан и Ирак за продлабочување на економската и безбедносната соработка.

Ал-Сиси беше пречекан од претседателот на Ирак Бархам Салих, а кралот на Јордан, Абдула Втори, пристигнаа нешто подоцна, по што се сретнаа со премиерот на Ирак, Мустафа ал-Кадими.

– Оваа посета е важна порака до нашите луѓе да се поддржат едни со други и да се обединиме за да им служиме на нашиот народ и на луѓето од регионот, рече ал-Кадими во соопштението лиферувано од неговиот кабинет.

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин на прес-конференција по состанокот рече дека се разговарало за широк спектар на теми, вклучително и економска и политичка соработка, големи индустриски проекти и трговија со лекови и земјоделски пестициди.

Разговорите, кои беа поздравени од САД, опфатија и регионални прашања, вклучително и кризата во Сирија, конфликтот меѓу Израел и Палестинците и војната во Јемен.

– Ирак мора да биде изолиран од регионалните интервенции, рече по средбата јорданскиот министер за надворешни работи Аиман Сафади пред новинарите.

Ирак веќе потпиша клучни економски и трговски договори и со Јордан и со Египет.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади