Во автобуска несреќа загинаа 17 мигранти во источна Турција

Од:

Седумнаесет лица загинаа, а 50 се повредени откако автобус во кој се превезувале мигранти се преврте во турската источна провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата Мехмет Емин Билмез, цитиран од државната агенција Анадолија.

Агенцијата ДПА пренесува дека минибусот со мигрантите се спуштал по рид и влетал во река во близина на населбата Ерчек, во областа Ипекиолу, на околу 60 километри од границата со Иран.

Гувернерот Билмез изјави дека турскиот возач, исто така, починал, додека националностите на останатите патници не е позната.

Тој додаде дека повредените биле пренеси во неколку болници во градот Ван.

-Седуммина од повредените се наоѓаат на интензивна нега. Со божја волја, бројот на жртвите не очекуваме да расте, додаде Билмаз.

Градот Ван се наоѓа на рутата на мигрантите од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, на нивниот пат кон Европа, наведе ДПА.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат