Во автобуска несреќа во Шпанија најмалку 14 загинати студенти

Од:

Најмалку 14 луѓе ги загубиле животите кога туристички автобус се превртел и удрил во друго возило на автопат во североисточна Шпанија, пренесе Макфакс.

Несреќата се случила во близината на пристанишниот град Тарагона. Телевизиската мрежа TV3 објави дека возачот ја загубил контролата над автобусот, се превртел и се судрил со автомобил кој доаѓал од спротивниот правец.

Во автобусот имало повеќе од 60 меѓународни студенти кои студирале на Универзитетот во Барселона, кои се враќале од фестивалот Лас Фалас во Валенсија, кој се одржува секој март и привлекува многу странски и домашни туристи, објави шпанската новинска агенција EFE.

Неколку патници се повредени, но сé уште нема потврда за нивниот број, како и за степенот на повредите. Според медиумите, на местото на несреќата испратени се најмалку седум возила на итната медицинска помош.

Засега не е познато ниту од кои земји се жртвите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски