Во Австрија поништени претседателските избори

Од:

Политички земјотрес во Австрија-највисокиот суд во земјата, Уставниот суд ги поништи резултатите од минатомесечните претседателски избори на кои екс лидерот на Зелените, Александер Ван дер Белен многу тесно го победи ултрадесничарот Норберт Хофер.

Во образложението на одлуката од судот се наведува дека причина за поништување се неправилностите во пребројувањето на гласачките листови на одредени избирачки места. Слободарската партија на Хофер изрази сомневање во регуларноста на изборите наведувајќи дека гласовите пристигнати по пошта не се обработени на правилен начин.

Оваа одлука без преседан, отвора можност за повторно гласање, нејверојатно на есен. Ван дер Белен кој освои 50,3 насто од гласовите, треба да стапи на должност на 8 јули.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски