Во Австралија се уште беснеат повеќе од 100 пожари

Од:

Во австралиските држави Нов Јужен Велс, Викторија и Тасманија на повеќе од 100 локации и понатаму беснеат пожари, кои во изминатите седум дена уништија стотина куќи и илјадници хектари обработливо земјиште.

Официјални претставници истакнаа дека температурите се намалени за разлика од претходните денови, но напорите на пожарникарите ги отежнуваат силните ветрови. Во извештајот на владината комисија за клима се наведува дека топлотниот бран и пожарите дополнително го влошуваат глобалното затоплување.

Шест лица се хоспитализирани поради изгореници, но засега нема човечки жртви.

Локалното население во областите во кои и понатаму беснеат пожарите засега не ги напуштаат своите домови, но постои опасност дека ветровите ќе се засилат и ќе го сменат правецот, поради што би можело да бидат загрозени населените места.

Температурите во Австралија во последните неколку дена се толку многу високи што Австралиската метеоролошка служба ја зголемила својата температурна скала на 54 степени, на која и додала и нова боја за високи температури.

Во пожарите кои ја зафатија Австралија во 2009 година загинаа повеќе од 170 луѓе, што е најголема природна катастрофа која се случила во оваа земја во поновата историја.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча