Во авганистанската претседателска палата 20 лица заразени со Ковид-19

Од:

Најмалку 20 вработени во палатата на авганистанскиот претседател се позитивни на новиот коронавирус, соопштија двајца владини претставници за француски медиуми. Властите не ја потврдија ниту демантираа таа информација досега.

„Дваесет лица во претседателската палата се заболени од Ковид-19“, изјави претставник на авганистанската влада за француски медиуми, додавајќи дека тоа „се крие за да се спречи паника“.

Друг официјален претставник го потврди бројот, додавајќи дека уште 12 се откриени меѓу вработените во административната канцеларија на претседателот Ашраф Гани.

Засега нема информации од властите дали претседателот Гани (70) е заразен. – Не моќжам тоа да го потврдам ниту демантирам, изјави Вахид Мајар, портпарол на МИнстерствотоз аздравство.

Како што пренесува Гардијан, Гани ги прекинал речиси сите контакти во живо со персоналот, работи преку дигитални платформи, и се среќава со многу тесен круг соработници. Се верува дека вирусот навлегол во претседателската палата преку контаминиран документ од друга институција.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан