Во Англија заразени повеќе медицински работници отколку штитеници во домови за стари луѓе

Од:

Се проценува дека 10 проценти од сите заразени со Ковид-19 во Англија, регистрирани меѓу 26 април и 7 јуни, биле или здравствени работници или социјални работници, покажа нова студија.

Студијата ја спровела независна група експерти наречена Делве (Data Evaluation and Learning for Viral Epidemics – Евалуација на податоци и учење за епидемии на вируси), која ја оформи британското Кралско друштво, пишува Њу Сајентист.

Истражувањето исто така проценува дека најмалку еден процент од инфекциите во истиот период потекнуваат од болнички пациенти и најмалку шест проценти од штитеници во домови за стари лица.

Исто така, не е јасно до кој степен заразата која била пренесена во болници и социјални институции влијаела на ширењето на коронавирусот во пошироката заедница.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он