Во Амстердам се гради меморијален центар за жртвите од соборениот авион во источна Украина

Од:

Меморијален центар со споменик и 298 дрвја ќе се гради во близина на аеродормот во Амстердам во спомен на жртвите од малезискиот патнички авион, што во јули 2014 година беше соборен во  источна Украина, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на холандски медиуми.

Семејствата на жртвите имаа можност да избираат меѓу три идејни решенија за меморијалниот центар во спомен на нивните роднини и тие како најпогодно место за меморијалот го избраа паркот Вујхуизен во близина на меѓународниот аеродром во Амстердам, посочува Фондацијата на семејствата на жртвите.

Меморијалот ќе биде составен од споменик, за кој деталите не се кажуваат и околу него ќе бидат засадени 298 дрвја, колку што имаше жртви на трагедијата. Во текот на ноќта дрвјата ќе бидат осветлени. Секој јули тие ќе бидат „опколувани“ од сончогледи, што ќе потсетуваат на полињата со сончогледи во кои беа најдени остатоците од авионот и од телата на жртвите.

Шеесет проценти од роднините на жртвите ја одобриле оваа идеја. Останатите два предлога беа инсталација од 10 споменика, распоредени на 10 места низ Хаг, во реонот на амбасадите на земјите од кои беа жртвите во авионската нерсеќа, и меморијал во градот Ајндховен, во кој беа донесени труповите на жртвите.

Повеќето од загинатите во авионската несреќа беа Холанѓани.

Авионот на 17 јули 2014 година полета од Амстердам на пат за Куала Лумпур, а беше соборен во источна Украина.

Меѓународната истрага на причините за несреќата во октомври заклучи дека леталото било уништено од ракета од типот „БУК“ од руско производство, но не беа идентификувани лицата одговорните за нападот.

Се очекува меморијалниот центар во спомен на жртвите да биде отворен на 17 јули 2017 година, кога ќе се одбележи третата годишнина од несреќата.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина