Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

Од:

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека Русите извршиле повеќечасовен напад врз неколку области, а главниот град Киев бил посебно на удар со дронови „Шахед“.

„Руски дронови продолжуваат да се приближуваат до Киев. Силите за противвоздушна одбрана повторно дејствуваат во Оболон“, соопшти ноќеска градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, повикувајќи ги граѓаните да се засолнат.

Според градските власти во Киев, остатоци од руски дрон биле пронајдени и во Националната ботаничка градина – Гришко.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски