Во Алжир се одржува регионална министерска средба поради кризата во Либија

Од:

Алжир денеска ќе биде домаќин на регионална средба на министрите за надворешни работи од соседните земји во Либија, како дел од меѓународните напори за решавање на политичката либиска криза.

На иницијатива на Алжир, главниот град на земјата ќе биде домаќин на состанок на кој ќе присуствуваат министрите од Тунис, Египет, Судан, Чад и Нигер, соопшти Министерството за надворешни работи и додава дека на неа ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Мали.

Средбата е дел од интензивните напори на Алжир за координација со соседните земји и меѓународните фактори за да им помогне на Либијците во решавањето на кризата преку активен дијалог меѓу сите инволвирани страни, соопшти алжирското министерство.

На дискусиите ќе се разгледа развојот на настаните во Либија, така што Либијците можат да најдат начин за излез од кризата без никаква надворешна интервенција.

Според телевизијата Скај Њуз-Арабија, главната тема на агендата е да се разговара за резултатите од меѓународната конференција за Либија што се одржа во Берлин минатата недела.

Алжир има повеќе од 1.000 км заедничка граница со Либија, и во последните неколку недели спроведе голем број консултации во обид да помогне во изнаоѓање политичко решение. По посетите на италијанскиот премиер Џузепе Конте и министрите за надворешни работи на Франција, Турција, Египет и Италија, турскиот претседател Ердоган се очекува в недела да оствари дводневна посета на главниот град на Алжир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании