Во Африка 34 проценти од населението припаѓаат на средната класа

Од:

Во Африка 34 проценти од населението припаѓа на средната класа, а според предвидувањата на експертите до 2060 година средната класа ќе биде 42 отсто од населението, се наведува во истражувањето на Африканската банка за развој (БАД).

Од вкупно 1,1 милијарди Африканци околу 370 милиони припаѓаат на средната класа, според африканските стандарди, што значи дека нивните приходи изнесуваат од 2,2 до 20 долари дневно.

– Средната класа во Африка е стабилна и се побројна, а тоа претставува силен поттик за економски  раст, се потенцира во извештајот на БАД.

Меѓународниот монетарен фонд претходно предвидуваше дека економскиот раст на Африка за оваа година ќе изнесува 5,1 отсто, а за 2015 година порастот на бруто домашниот производ ќе биде 5,8 проценти, благодарение на инвестициите во природните ресурси и инфраструктурата, како и на зајакнувањето на економскиот стандард на населението.

Економскиот раст на Африка во 2013 година изнесуваше 4,7 отсто.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски