Во 16% од марулите во Франција пронајдени остатоци од пестициди

Од:

Француската невладина организација Идна Генерација (ГФ) анализираше повеќе примероци на марули, при што дојде до сознание дека во 16 отсто од нив е утврдено присуство на пестициди и други хемиски производи забранети за продажба во Франција, објави во денешното издание весникот „Паризиен“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, студијата на невладината организација покажа дека во 6,45 отсто од марулите има траги од ДДТ, забранет за користење во Франција од 1971 година, поради неговата канцеригеност, а 9,67 проценти содржат хемиски молекули кои се забранети за прскање на зеленчукот, како имидиакоприд.

Меѓу другите откриени молекули, ципроцоназолор е опасен за фетусите и токсичен за водната средина, а оксадиазонот може да предизвика рак и иритации на кожата и очите.

Весникот „Паризиен“ објаснува дека овие хемиски средства забранети за продажба во Франција, доаѓаат од Шпанија, од каде се снабдуваат француските земјоделци.

Според една друга студија, во повеќе од 99 од марулите и доматите, трагите од пестициди се најмалку десет пати помали од дозволените количества. Но, акумулацијата на пестицидите, кои доаѓаат од другите прехранбени производи, е тоа што ги загрижува невладините организиации. Уште повеќе, ако се знае дека пронајдените пестициди се класирани како ендокрини нарушувачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци