Иранските власти денеска исклучил е две камери за надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) поставени во еден од своите нуклеарни постројки, со што ги зголеми тензиите со Агенцијата за мониторинг на Обединетите нации. „МААЕ не само што беше неблагодарна за нашата широка соработка, туку тоа го смета и за обврска на Иран. Надлежните органи наредија од денеска да бидат исклучени камерите за онлајн следење на збогатувањето ураниум“, соопшти Иранската државна телевизија.
Техеран, исто така, посочува дека иранската Организација за атомска енергија што е националниот огранок на цивилната нуклеарна програма го следи исклучувањето на камерите. Истовремено се наведува дека 80 отсто од постојните камери на МААЕ остануваат оперативни односно ќе работат како и досега.
САД, Велика Британија, Германија и Франција вчера до бордот на Меѓународната агенција за атомска енергија поднесоа нацрт-резолуција со која го критикуваат Иран, бидејќи не одговорил целосно на прашањата на Агенцијата во врска со трагите ураниум пронајдени на непријавени локации. Поднесувањето на резолуцијата значи дека за неа ќе се расправа и ќе се гласа на овонеделниот тримесечен состанок на Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија, што го сочинуваат претставници на 35 земји.