Властите вo Рио де жанеиро и Сао Паоло се откажаа од поскапување на билетите за јавен транспорт

Од:

Властите во двата најголеми бразилски града, Рио де Жанеиро и Сао Паоло, се откажаа од поскапувањето на билетите за јавниот транспорт, што беше повод за најголемите протести во земјата во последните 20 години, пренесоа француските медиуми.

Во Сао Паоло ќе се вратат старите цени на билетите за метрото, возовите и автобусите, додека во Рио де Жанеиро беше соопштено за поевтинување само на автобускиот превоз.

Бразил преживува социјални бранува без преседан во последните две децении. Илјадници луѓе, меѓукои и многумлади, протестираат секој ден во целата земја, а демонстрациите редовно прераснуваат во немири.

Протестите почнаа пред десетина дена во Сао Паоло со конкретен повод – поскапување на билетите за јавниот транспорт. Постепено, меѓутоа, тие ја зафатија целата земја, како незадоволство на Бразилците од ниското ниво на јавни услуги во земјата.

Демонстрациите се оддржуваат во момент кога Бразил е домаќин на фудбаскиот турнир за Купот на конфедерациите – генерална проба на светското првенство, што токму во оваа јужноамериканската држава ќе се оддржи следната година.

Демонстрантите се гневни од огромната сума пари потрошена за фудбал, и покрај острите социјални проблеми во земјата. Претседателот Дилма Русеф во вторникот соопшти дека е подготвена да ги сослуша учесниците во протестите. Во исто време таа не предложи никакви конкретни решенија за надминување на конфликтот, што не дава знаци на смирување.

Рејтингот на Русеф во јуни опадна за цели осум проценти, покажува истражувањето на јавното мнение во Бразил, спроведено на одгласите на протестите. Таа, меѓутоа, сепак, останува многу популарна, бидејќи има поддршка за нејзината работа од 71 процент од Бразилците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски