Властите во Франција се борат со снегот, сообраќајот во Велика Британија е парализиран

Од:

Властите на Франција се обидуваат на сите можни начини да го расчистат снегот и да ги санираат последиците од снежната бура.

Во Шербур, во департманот Манш е испратена тешка воена техника за расчистување на главната патна магистрала, која ја поврзува Нормандија со Париз. Повеќе од едно деноноќие магистралата остана затворена за сите видови превозни средства.

Според податоците на властите над две илјади автомобили се блокирани по патиштата во северозападна Франција, кои се затрупани со снег. Снежната бура погоди 20 департмани во тој дел на земјата. Над 80 илјади семејства во тие области се без електрична енергија. Од вчера е спречено и движењето на супер брзиот воз „Евростар“, кој го поврзува Брисел со Париз и Лондон.

Според прогнозите на Метео Франс во текот на ноќта температурите ќе се намалат за 14 степени Целзиусови под сезонската норма, што патиштата ќе ги претвори во лизгалишта.

Стотици товарни возила се блокирани во многукилометарски колонови во југоисточното грофовство Кент бо Велика Британија. Причина за колоните е нарушеното движење  на фериботите преку преминот Ла Манш кон Франција и Белгија.

Силни снежни врнежи и ниските температури веќе трет ден предизвикаа целосен хаос во јужните делови на Англија. Најпогодени се грофовиите Сасекс и Кент, како и островите Џерси и Гренси во преминот Ла Манш.  традиционалните зими во земјата нема доволно опрема за чистење снег.

Дневните температури во Москва денеска ќе изнесуваат меѓу минус четири и минус шест степени Целзиусови, а во Подмосковието се очекуваат минус девет. Прогнозиран е силен ветер со брзина од 40 километри на час.

Најобемни снежни врнежи во Москва се очекуваат в петок и сабота, а снежната покривка ќе достигна висина до 25 сантиметри, што во март се случува еднаш во 50 години.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско