Владите во Латинска Америка ги пренасочуваат фондовите за кризата со коронавирусот

Од:

Колумбија и Еквадор се меѓу државите од Латинска Америка кои денеска најавија вонредни финансиски мерки за борба против ширењето на коронавирусот на нивна територија.

Претседателот на Колумбија, Иван Дуке изјави дека шест милијарди пезоси (1,5 милијарди долари) ќе бидат пренасочени од буџетот на Владата во борбата против коронавирусот со кој досега се заразени 235 луѓе, од кои двајца починаа.

Од утре во Колумбија почнува 19-дневна целосна блокада. Земјата ги затвора своите граници и ги прекинува меѓународни летови.

Претседателот на Еквадор, Ленин Морено изјави дека му наредил министерот за финансии Ричард Мартинез да ги пренасочи „трошоците од следниот изборен процес и да ги распредели за решавање на приоритетите на здравствената вонредна состојба“.

Земјата, која треба да ги одржи следните избори во 2021 година, во моментов има 789 потврдени случаи на коронавирусот, а 14 лица починаа.

Владите на Чиле и Порторико, кои имаат 632 и 13 случаи, рекоа денеска дека ќе ги објават финансиски мерки за борба против кризата со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Русија им ветува помош на земјите од Латинска Америка за да им се спротивстават на САД

Катерина Ѓуровски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска