Владин извештај на САД: Климатските промени – закана за економијата

Од:

Климатските промени влијаат на животната средина и ќе доведат до уште повеќе катастрофи како неодамнешните шумски пожари во Калифорнија, се вели во владин извештај на САД, јави ДПА.

Пожарите во кои загинаа над 80 лица, како и други природни катастрофи како урагани, ќе стануваат се почести и покатастрофални во САД како резултат на климатските промени, се вели во Четвртата национална оценка на климата, која се изработува на секои неколку години по барање на Конгресот.

Во извештајот се вели дека климатските промени ќе влијаат и на земјоделството, производството и употребата на енергија, земните и водните ресурси, транспорт и човековото здравје и благосостојба во САД.

Извештајот е изготвен од независни научници и вработени во 13 федерални агенции. Таму се нотира дека во изминатите неколку години се поставија нови рекорди кога се во прашање катастрофални природни катастрофи во САД, кои од 2015 година па наваму земјата ја чинат речиси 400 милијарди долари.

„Затоплувањето и сушите придонесуваат за зголемување на големите шумски пожари во западниот дел на САД и Алјаска”, се вели во извештајот.

„Климатските промени создаваат растечки предизвици за човековото здравје и квалитет на живот, економијата и природните системи кои нè одржуваат”, предупредуваат авторите на извештајот.

Тоа вклучува влошување на загадувањето на воздухот, што предизвикува срцеви и респираторни заболувања, пораст на болести предизвикани од инсекти, потенцијал за зголемување на смртните случаи во периоди на топли бранови и влошувањето на алергиите.

Од 1900 година, просечните температури во САД се зголемиле за еден Целзиусов степен, со оглед на тоа дека затоплувањето се случува главно во последните децении. Се очекува до крајот на векот просечните температури во земјата да се повисоки за меѓу 1,6 и 6,6 Целзиусови степени во зависност од количините на стакленичките гасови во атмосферата, се предупредува во извештајот, кој се повикува на бројни истражувања.

Над 90 отсто од тековното затоплување е предизвикано од човечка активност. Без емисии на стакленички гасови, природните сили, како што се промените во соларната енергија, всушност, би ја оладиле Земјата, велат авторите на извештајот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија