Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој ги прогласува за странски агенти оние кои помагаат меѓународни организации во кои Русија не учествува, објавено е денеска на веб-страницата на официјалните правни акти.

Врз основа на овој закон, лицата кои помагаат во спроведувањето на одлуките на меѓународните организации во кои Русија не учествува, како што е Меѓународниот кривичен суд, или странски владини агенции, доколку нивната работа е насочена против безбедноста на Русија, ќе бидат прогласени за странски агенти, пренесе РИА Новости.

Истиот статус ќе го имаат и граѓаните вклучени во собирање информации од областа на воено-техничките активности кои можат да се користат против државата, ширење пораки и материјали и учество во нивното создавање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин има порака за Европа: Оставете не да живееме мирно, инаку ќе реагираме

ВИДЕО: Путин гласаше онлајн на руските избори, снимката стана хит

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

(ВИДЕО) Загина руски генерал кој пред 20 дена доби титула „Херој на Русија“

А1он