Владата на Лукашенко може да го суспендира договорот со ЕУ

Од:

Владата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска соопшти дека би можела да го суспендира договорот со Европската унија за прифаќање бегалци.

Лукашенко поднесе до парламентот предлог-закон за суспендирање на договорот, со кој се обврзува Минск да ги прими мигрантите кои влегле во Европската унија преку Белорусија, но ги прекршиле нивните услови за влез или престој.

– Документот е подготвен како одговор на непријателските дејствија преземени од ЕУ и нејзините земји членки кон Белорусија, се наведува во соопштението на прес-службата на Лукашенко.

Земјите на Унијата го обвинија белорускиот претседател дека охрабрил стотици мигранти илегално да преминат во ЕУ преку Полска и Литванија како одмазда за санкциите на Западот воведени против Минск.

Белорусија ги обвини за таквата ситуација земјите од ЕУ, кои ги оставиле мигрантите на границата и ја принудија Полска да воведе вонредна состојба во два региона, првпат по падот на комунизмот.

Договорот за бегалци, потпишан на почетокот на минатата година пред изборите, беше предуслов за Белорусија да добие поедноставен визен режим за ЕУ.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне