Владата на Италија ќе ги затвори тајните џамии

Од:

Италијанската Влада планира да ги затвори тајните џамии во земјата во рамки на борбата против тероризмот, изјави министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано.

– Во Италија имаме четири џамии и над 800 муслимански светилишта, рече тој.

– Ние ќе ги затвориме таквите тајни и нерегистрирани места, не за да не го попречуваме почитувањето на верата, туку за тие да можат да се искажуваат на прописни места, додаде Алфано.

Министерот, во градот Лече на југот на Италија, говореше за ризиците од тероризмот и влијанието на т.н. „ислам во гаражи“, кој се проповеда на нерегистрирани места на кои одат многу мулслимани кои живеат во Италија.

Италија, а посебно Рим, често се споменуваат како мети на пропагандата на Исламска држава, а САД ја предупредијата земјата на ризици од можни напади.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага