Вивијан Вествуд ја поддржува независноста на Шкотска

Од:

Познатата британска модна креаторка Вивијан Вествуд изјави денеска дека ја подржува независноста на Шкотска и кампањата што ја водат шкотските сепаратисти.

На лондонската Фешн Вик, на која таа редовно учествува со свои модели, Вествуд објасни дека тоа е можеби непатриотски кон Англија, но таа смета дека земјата е „целосно руинирана“.

Ваквиот став на Вествуд доаѓа по изјавата на поранешната фудбалска ѕвезда и капитен на англиската репрезентација Дејвид Бекам, кој застана силно на страната на оние кои се против отцепувањето на Шкотска од Велика Британија.

– Британија е историско постигнување и обврзница, изјави Бекам, нагласувајќи дека наместо расцеп треба да се работи на британското унапредување.

Меѓу прославените личности од британскиот јавен живот, на страната на независноста на Шкотска се и двајца познати актери по потекло од тој дел на Британските Острови, Шон Конери и Брајан Кокс.

Конери е првиот Џемс Бонд во серијата филмови со ликот од романите на Шкотланѓанецот Иан Флеминг, за што, сега остарениот актер кој главно живее во Швајцарија, има добиено британско одликување и почесната титула „сер“.

Брајан Кокс, кој е поактивно вклучен во финишот на кампањата пред рефереднумот в четврток, снима филмови за британската индустрија, но повеќе во Холивид.

Шкотската независност ја поддржуваат и музичарите од групата „Франц Фердинанд“, како и Мотвеи и пејачката Ејми Мекдоналд, додека за обединета Велика Британија и за зачувување на тривекованата англиско-шкотска унија, уште од порано, меѓу другите, се огласи британската звезда Дејвид Боуви.

Истражувањето што го направи агенцијата „Старвејшн“ покажува дека 13 отсто од Англичаните и Велшаните се согласуваат Шкотска да се отцепи, кога веќе толку се решени да заминат од Велика Британија, но големо мнозинство од анкетираните во Англија и Велс, од цели 62 отсто, се против шкотската независност.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски