Високиот комесар на ОН за човекови права побара меѓународна истрага за Северна Кореја

Од:

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Нави Пилај повика денеска за меѓународна истрага на децениите сериозни нарушувања, извршени од страна на Северна Кореја.

Таа изрази жалење поради тоа што нема подобрување на состојбата во земјата, откако пред една година на власт дојде Ким Џонг-ун.

Пилај истакна дека спорната нуклеарна програма и истрелувањето на ракетите фрлаат сенка врз и онака тешката ситуација со човековите права во Северна Кореја.

– Во големиот број логори за политички затвореници во изолираната земја, во која се смета дека се држат 200 илјади и повеќе лица, се извршуваат тешки нарушувања како силувања, измачувања, екзекуции и принудна работа, рече Пилај.

– На почетокот имаше надежи дека новиот лидер може да донесе некаква позитивна промена на ситуацијата со човековите права во Северна Кореја. Но една година откако Ким Џонг-ун стана новиот лидер на земјата не гледаме никакви индикации за подобрување на состојбата, истакна високиот комесар на ОН за човекови права.

Северна Кореја денеска се закани дека ќе ги зајакне своите одбранбени способности, откако претходно најави дека може да изврши трето ракетно тестирање.

Имајќи го предвид „непријателскиот однос“ на САД, севернокорејското Министерство за надворешни работи предупреди дека изолираната комунистичка држава ќе продолжи да го зајакнува својот арсенал против сите видови на војна.

Северна Кореја ги повика САД да ја затворат Командата на ОН во Јужна Кореја, која го следи почитувањето на примирјето потпишано кон крајот на Корејската војна (1950-1953), нарекувајќи го „остаток“ од времето на Студената војна.

Пјонгјанг тврди дека има право да произведе нуклеарно оружје, со цел да се заштити од заканите на САД. Северна Кореја изврши две нуклеарни тестирања, во 2006 и 2009 година, по што Советот за безбедност на ОН и воведе санкции поради испитување на балистички ракети.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски