Највлијателниот шиитски духовник во Ирак денеска повика за глобална војна против џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Големиот ајатолах Али ал Систани, кој има голем број следбеници и може да влијае врз Владата, ја дал својата изјава преку својот помошник по петочната молитва.
– Борбата против ИД е судбина на сите Ирачани. Но тоа не е само нивна борба, туку на целиот свет, бидејќи терористите опстануваат со својата мрачна идеологија во целото човештво, неговата култура и однесување, додаде Систани.
Тој смета дека е потребно да се обединат сите напори во борбата против тоа движење.