Вилијам Хејг: Реална е заканата Брегзит да се претвори во најголемото британско „заплеткување“ во историјата

Од:

Поранешниот британски министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави денеска дека постои реална закана, Брегзит да се претвори во „најголемото економско, дипломатско и уставно заплеткување„ во поновата британска историја, со несогледливи последици за Британија , за владата, како и за самиот процес за напуштање на ЕУ.

Во авторски текст во „Дејли Телеграф“ Хејг вели дека ваквата закана се појави од моментот кога британските гласачи на последните парламентарни избори од 8 јуни, одбија да им дадат мнозинство на министрите во владата кои веке ги започнаа преговорите за извлекување на земјата од ЕУ, иако претходно се согласија Британија да ја напушти Унијата.

Потенцијалната закана од целосното заплеткување околу Брегзит, според Хејг е причината што голем број луге од светскиот бизнис и политичари го прашуваат – како Британија ќе се справи со референдумот за ЕУ.

– Луѓето надвор често ме прашуваат дали може да се случи да исчезне волјата за заминување од Унијата, пишува Хејг во својот напис, потсетувајќи дека сето ова се случува откако светот го прифати Брегзит, како готова работа.

Тој не навлегува во причините за пројавените дилеми кај гласачите и за прашањата што му ги упатуваат лугето надвор од Британија, но е цврсто на позицијата за неопходноста од постоење на транзициски период во процесот на Брегзит.

Хејг отворено застанува во одбрана на министерот за финансии Филип Хамонд за ког вели дека „заслужува целосна доверба“ за решенијата што ги нуди.

Според поранешниот шеф на дипломатијата, Хамонд е во право кога настојува да ги убеди другите владини министри дека Британија треба да остане на единствениот пазар на ЕУ и во царинската унија, во текот на транзицијата, се до средината на 2022 година и следните парламентарни избори, што ќе биде проследено со договор за слободна трговија со Унијата.

– Тоа според мене, не е само она што се нарекува „мека“ позиција за извлекување од ЕУ, туку и план за спасување на Брегзит, вели Хејг во својот текст во „Дејли Текеграф„.

Вилијам Хејг поднесе оставка на министерската функција во 2014, а се повлече и од Парламентот во 2015 година. Тој е поранешен лидер на Конзервативната партија, а сега е надворешен советник на актуелниот лидер и премиер Тереза Меј.

Во кампањата за референдумот за ЕУ беше на страната на оние кои агитираа за останување на Британија во Унијата.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он