„Викиликс“: Сноуден се уште не го прифатил азилот во Венецуела

Од:

Интернет страницата „Викиликс“ објави дека поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден се уште официјално не го прифатил азилот во Венецуела, како што тоа вчера на социјалната мрежа „Твитер“ го напиша рускиот амбасадор Алексеј Пушков, кој подоцна го избриша твитот.

Пушков предизвика конфузија по објавувањето на твитот дека Сноуден го прифатил азилот во Венецуела. Тој не е официјален претставник на руската Влада, но има блиски врски во Кремљ и се претпоставува дека има слични ставови како и рускиот претседател Владимир Путин.

Тој истакнал дека „опцијата на Венецуела очигледно изгледа како најдобра за Сноуден“.

Пушков тврди дека за најновиот развој на настаните во случајот со Сноуден дознал од прилогот на руската телевизија „Вести 24“, која објавила дека „Венецуела конечно добила одговор од поранешниот агент на ЦИА. Претседателот на оваа латиноамериканска држава Николас Мадуро добил официјално барање за политички азил од Едвард Сноуден“.

Мадуро во понеделникот побара од Сноуден да одлучи дали ќе дојде во Каракас.

– Ние добивме писмено барање за азил. Тој мора да одлучи кога ќе пристигне, доколку на крајот сака да дојде овде, изјави Мадуро.

Азил за Сноуден понудија и Боливија и Никарагва. Трите понуди на јужноамериканските држави Мадуро ги нарече „колективен хуманитарен политички азил“.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска