Виетнам до крајот на година планира да произведе сопствена вакцина против Ковид-19, која ќе почне да се употребува во 2022 година, објави виетнамското Министерство за здравство.
Во соопштението се истакнува дека запирањето на пандемијата во голем дел зависи од развојот на вакцина.
Во развојот и производството на виетнамска вакцина вклучени се четири компании, а две фирми веќе ги тестираат вакцините на луѓе.
Во Виетнам од 8 март вакцинирани се 20.000 луѓе со вакцината на „АстраЗенека“ од вкупно 96 милиони жители.
За разлика од европските земји, виетнамските власти не планираат да ја стопираат имунизацијата со вакцината на „АстраЗенека“.