Виетнам привремено отпушти 27 пакистански пилоти, ќе ги проверува нивните дипломи

Од:

Виетнам привремено суспендираше 27 пакистански пилоти кои работат за виетнамски авиокомпании. Мерката ќе остане во сила до темелно истражување на информациите за нивните дипломи за обука во училиштата за пилоти. Причината за овој чекор е скандалот со лажни пилотски дипломи во Пакистан, објави информативниот портал ВНЕкспрес.

Покрај тоа, ќе бидат проверени и дипломите на сите пилоти кои работат во земјата, а ги стекнале во пакистанските училишта.

Одлуката за привремено прекинување на работата на пакистанските пилоти и нивните странски колеги обучени во Пакистан е донесена минатата недела. Доколку инспекцијата покаже дека дипломите се валидни, пилотите ќе бидат вратени на работа.

Во Пакистан избувна скандал со лажни пилотски дипломи, откако беше утврдено дека 262 пилоти кои работат за локалните авиокомпании не дипломирале на училиштата за пилоти, туку своите дипломи ги добиле преку корупциски шеми.

Пред една недела беше објавено дека „Пакистан Интернешнл ерлајнс“ ќе „приземји“ околу една третина од своите 434 пилоти под сомнение дека немаат правни лиценци за оваа дејност.

Одлуката е донесена по истрагата за инцидентот кога се урна авион Ербас А320, при што загинаа 97 луѓе. Во извештајот е наведено дека пилотите не ги следеле протоколите за летање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски

Виетнам има нов претседател

Ана Ололовска

Потврдена е смртта на момчето кое падна во окна на градилиште во Виетнам

Горан Наумовски

ВИДЕО: 10-годишно дете падна во бетонско окно во Виетнам, спасувачите два дена не можат да дојдат до него

Тајфунот Нору пристигна до брегот на Виетнам, повеќе од 200.000 луѓе се во засолништа

А1он

Тајфунот „Нору” се приближува до Виетнам, наредена евакуација на дел од населението

А1он