ВИДЕО: 10-годишно дете падна во бетонско окно во Виетнам, спасувачите два дена не можат да дојдат до него

Од:

Спасувачите во Виетнам се обидуваат да ослободат 10-годишно момче заробено длабоко во тесно бетонско окно на градилиште. Ли Хао Нам барал старо железо кога на новогодишната ноќ паднал во шуплив бетонски куп во провинцијата Донг Тап, објавија локалните медиуми.

Оттогаш, спасувачките тимови се борат да го ослободат, пумпајќи кислород во потпорната ѕид длабок 35 метри за да може да дише. Првиот ден спасувачите можеле да го чујат детето, но денеска не добиваат ракција од него. Спасувачките екипи денеска спиштија камера во дупката.

„Даваме се од себе. Сè уште не можеме да кажеме каква е состојбата на момчето“, изјави за новинската агенција АФП, спасувач на градилиштето на мостот во делтата на Меконг. Спасувачите се зачудени од фактот дека дедето паднало во чиј дијаметар е само 25 сантиметри.

Екипите на итната помош се обиделе да го подигнат купот со кранови и багери, но засега безуспешно. Тие, исто така, ја омекнаа земјата околу столбот за да се обидат да го ослободат, но тоа го навали и го комплицираше спасувањето, објави новинската агенција Ројтерс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски

Виетнам има нов претседател

Ана Ололовска

Потврдена е смртта на момчето кое падна во окна на градилиште во Виетнам

Горан Наумовски

Тајфунот Нору пристигна до брегот на Виетнам, повеќе од 200.000 луѓе се во засолништа

А1он

Тајфунот „Нору” се приближува до Виетнам, наредена евакуација на дел од населението

А1он

Виетнам: Во пожар во караоке бар 12 загинати и 11 повредени

Ана Ололовска