Виетнам има нов претседател

Од:

Националното собрание на Виетнам го избра Во Ван Туонг за нов претседател на земјата, по кампањата против корупцијата што владее во земјата и оставката на неговиот претходник.

На вонредна седница пратениците го потврдија 52-годишниот Туонг за претседател, откако владејачката Комунистичка партија го номинираше за функцијата, која е главно церемонијална, но една од четирите водечки политички позиции во оваа југоисточна азиска земја, пишува Ројтерс.

Изборот на Туонг следи по оставката на неговиот претходник Нгуен Ксуан Пук во јануари, откако владејачката Комунистичка партија го прогласи за виновен за прекршувања и неправилности од страна на функционерите под него, што се смета за голем чекор напред во борбата на земјата против корупцијата.

Во својот прв говор во парламентот како нов претседател, Туонг рече дека решително ќе ја продолжи борбата против корупцијата.

„Ќе бидам целосно лојален на татковината, народот и уставот, настојувајќи да ги исполнам задачите што ми ги доделија партијата, државата и народот“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски

Потврдена е смртта на момчето кое падна во окна на градилиште во Виетнам

Горан Наумовски

ВИДЕО: 10-годишно дете падна во бетонско окно во Виетнам, спасувачите два дена не можат да дојдат до него

Тајфунот Нору пристигна до брегот на Виетнам, повеќе од 200.000 луѓе се во засолништа

А1он

Тајфунот „Нору” се приближува до Виетнам, наредена евакуација на дел од населението

А1он

Виетнам: Во пожар во караоке бар 12 загинати и 11 повредени

Ана Ололовска