Виена: Шверцерите на мигранти се се поактивни

Од:

Криминалците кои префрлаат илегални имигранти во западна Европа стануваат се поактивни, предупредија денеска австриските власти.

Полицијата во австриската покраина Горна Австрија неодамна пресретнала камион со 27 имигранти, државјани на Иран и Авганистан, меѓу кои имало дури 16 деца.

Организатирот на шверцот, кој е украински државјанин, при контролата се обидел да да побегне, но е уапсен. Тој ги презел имигрантите од Унгарија и ги возел преку Австрија кон Германија.

Овој, како што истакнува австриската полиција, е само еден од случаите во низата на се позачестени активности на шверцерите на мигранти.

– Сојузната криминалистичка служба воочува зголемена активност на криминалците, истакна претставникот на службата Гералд Тацгерн, додавајќи дека шверцерите се претежно од Србија и Украина и најчесто ја користат рутата преку Унгарија кон Австрија.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски